24фудбал

Бенитез: Оптимист сум, ќе бидеме подобри

Тренерот на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез е задоволен од играта во второто полувреме на неговиот тим и верува дека во наредните кола навивачите ќе видат многу повеќе од кралскиот клуб.

Шпанија
Реал Мадрид лошо ја стартуваше сезоната, одигра само 0-0 на гостувањето кај Спортинг Хихон.
 
Притисокот врз Рафа Бенитез веќе се чувствува, тој ќе мора веднаш да покаже резултати доколку сака подолго да остане на Сантијаго Бернабеу.
 
„Знаев дека мечот ќе биде тежок. Во првото полувреме му дадовме премногу простор на Спортинг" - вели Бенитез.
 
„Задоволен сум тоа што го видов во второто полувреме. Останувам оптимист. Но мора да напредуваме, треба да работиме понапорно".