24фудбал

Селекторот Друловиќ го објави списокот за дуелите со Луксембург и Шпанија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите против Луксембург и Шпанија, ново име во списокот е Стефан Ашковски.

Македонија
Друловиќ ги одбра фудбалерите со кои Македонија ќе и се спротивстави на Луксембург и Шпанија. По добрите игри во дресот на Нови Пазар, дебитантски повик доби Стефан Ашковски.
 
На 5. септември Македонија му гостува на Луксембург, натпреварот започнува од 18:00 часот, на 8. септември ја пречекуваме селекцијата на Шпанија.
 
Списокот на фудбалери за дуелите со Луксембург и Шпанија:
 
 
Голмани:
 
Томе Пачовски
Столе Димитриевски
 
Одбрана:
 
Даниел Мојсов
Ванче Шиков
Кире Ристевски
Владимир Димитровски
Стефан Ристовски
Горан Силјановски
Стефан Ашковски
Леонард Жута
Езаџан Алиоски
 
Среден ред:
 
Аријан Адеми
Милован Петровиќ
Никола Глигоров
Ферхан Хасани
Александар Трајковски
Муарем Муарем
Агим Ибраими
 
Напад:
 
Мирко Ивановски
Јован Костовски
Бесарт Абдурахими