24фудбал

Куман: Мане нема да се пресели во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Саутемптон, Роналд Куман вели дека трансфер целта на Манчестер јунајтед, Садио Мане ќе остане на Сент Мерис Стадионот

Англија

Медиумите од ’Островото’ оваа недела пренесоа дека репрезентативецот на Сенегал е ново име на листата со желби на ’Црвените Ѓаволи’.

Извештаите велеа дека Манчестер јунајтед доставил понуда вредна 15 милиони фунти за услугите на Садио Мане.

Сепак, менаџерот на Саутемптон, Роналд Куман вели дека играчот нема да замине и додава дека на нивна адреса не пристигнала ниту една понуда.

„Нема да продадеме ниту еден фудбалер” – рече Куман по крајот на вчерашниот дуел со Митјиланд во Лига Европа.

„Пишувајте што сакате за шпекулациите до крајот на преодниот рок, но ниту еден играч нема да замине од Саутемптон”.

„Не сме добиле ниту една понуда”.

„Секогаш ќе има гласани, но ниту еден играч не е на продажба. Сакаме да продолжиме со играчите кои ги имаме на располагање и тоа е најважно”.