24фудбал

Официјално: Отаменди потпиша за Сити

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Николас Отаменди, Аргентинецот се обврза кон ’Граѓаните’ до 2020

Англија

Николас Отаменди е нов фудбалер на Манчестер Сити, дефанзивецот утрово стави потпис на пет годишен договор.

„Манчестер Сити е задоволен што може да соопшти дека го ангажираше Николас Отаменди” – гласи известувањето на ’Граѓаните’

За трансферот на Етихад Стадионот, 27 годишниот Аргентинец вели: „Тука сум да го дадам најдоброто од себе, да се борам на секој натпревар, да помогнам клубот постојано да биде на врвот и да освојам неколку титули”.

„Да се биде дел од клуб, кој од надвор изгледа толку прекрасно, е остварување на сонот”.

Детали од зделката не се откриваат, а според медиумите, Манчестер Сити ќе плати 45 милиони евра за услугите на Николас Отаменди.