24фудбал

Алекс Сандро на лекарски прегледи со Јуве

’Старата Дама’ потврди дека левиот бек Алекс Сандро е во Торино на лекарски прегледи

Италија

24 годишниот Бразилец е на чекор до трансфер во Јувентус.

Изминатиов викенд, ’Старата Дама’ и Порто си подадоа рака за трансфер вреден околу 20 милиони евра, па вчера во вечерните часови Алекс Сандро пристигна во Торино.

’Бјанконерите’ утрово пренесоа дека левиот бек во текот на денот ќе ги помине редовните лекарски прегледи.

Доколку се е во ред со играчот, Јувентус официјално ќе го потврди трансферот на Бразилецот во скоро време.