24фудбал

Четири натпревари суспензија за Пике

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике доби суспензија од четири натпревар за црвениот картон заработен на реваншот против Атлетик во Суперкупот на Шпанија

Шпанија

Репрезентативецот на Шпанија беше исклучен поради навреди на адреса на првиот помошник, а главниот судија, Веласко Карбаљо во извештајот напишал дека Жерард Пике употребил пцовки, односно кажал: „Да и се посерам на твојата курвинска мајка”.

Дефанзивецот на Барселона негираше дека ги употребил вулгарни зборови, и се извини за сопственото однесување.


Целиот случај денеска беше разгледан од дисциплинската комисија при ФФШ, која реши да го казни Жерард Пике со четири натпревар суспензија.

Ова е минимална казна за дефанзивецот со оглед на тоа дека според членот 94, на Жерард Пике му се закануваше суспензија од 4 па дури до 12 натпревари.

Жерард Пике сега ќе ги пропушти дуелите со Атлетик Билбао, Малага, Атлетико Мадрид и Леванте во Ла Лига.