24фудбал

Интер го продава Ковачиќ поради ФФП

Тренерот на Интер, Роберто Манчини вели дека сите жалат што Матео Ковачиќ ќе замине, и додава дека клубот бил приморан на еден ваков чекор поради правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј

Италија

За репрезентативецот на ’Коцкастите’ ова лето интерес пројавија неколку клубови, а битката за потписот на талентираниот Матео Ковачиќ ја доби Реал Мадрид.

Изминатиов викенд двата клуба си подадоа рака за зделка вредна околу 35,5 милиони евра, и во скоро време Матео Ковачиќ официјално ќе биде потврден како ново засилување за ’Кралевите’.

Роберто Манчини вели дека сите во Интер жалат што Хрватот ќе замине од Џузепе Меаца, но додава дека ’Нероаѕурите’ биле приморани на еден ваков чекор поради правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј.

„Дали сум разочаран што Ковачиќ заминува? Да, но има правила кои мораме да ги почитуваме”.

„Мислам дека никој не сакаше ова да се случи, но мораме да ги почитуваме правилата за финансиски фер-плеј”.

„Сите жалиме: јас, претседателот, управата и играчите”.

„Ковачиќ и Шакири заминаа поради иста причина”.

„Сега ќе се обидеме да ги донесеме играчите кои ни се потребни, и се надевам дека тоа ќе го сториме многу брзо бидејќи првенството започнува следната недела”.

„Ќе видиме што можеме да направиме на трансфер пазарот”.