24фудбал

Де Брајне нема да побара трансфер

Трансфер целта на Манчестер сити, Кевин Де Брајне нема да изврши притисок врз лидерите на Волфзбург и да побара трансфер

Германија

’Граѓаните’ подолго време се поврзуваат со ангажман на репрезентативецот на Белгија, но Волфзбург не сака лесно да се откаже од својата ѕвезда.

Лидерите на Манчестер сити се надеваа дека самиот играч ќе го забрза процесот барајќи трансфер, но Кевин Де Брајне нема да се реши на еден ваков чекор.

„Нема шанси да направиме нешто такво” – вели агентот на играчот, Патрик Де Костер.

„Имаме добар однос со Волфзбург, и доставување на барање за трансфер не е нешто што се случува во Германија”.

„До овој момент никој не ни соопштил дека е прифатена понуда, па се додека не се случи тоа, Кевин ќе остане во Волфзбург”.