24фудбал

Необична казна: Купување дрес од Баерн Минхен наместо 15 месеци затвор

Двајца навивачи на Минхен 1860 добија необична казна, наместо да завршат зад решетки биле испратени на шопинг во фан-шопот на лутиот ривал Баерн Минхен

Германија

Медиумите од Германија пренесуваат за кративна одлука на една судијка од судот во Минхен.


Таа водела процес против двајца навивачи на Минхен 1860 поради инцидент кој го предизвикале во 2014 кога нападнале фан на локалниот ривал Баерн Минхен и му ја соблекле јакната, капата и шалот со ознаки на ’Баварците’.

На напаѓачите им се заканувала затворска казна од 15 месеци, но тие ќе куртулат од затвор поради необичната пресуда што ја донесе судијката Карин Јунг.

Таа им дала опција немсто во затвор да одат на шопинг во фан-шопот на лутиот ривал Баерн Минхен, па фановите експресно купиле дрес, капа и шал од ’Баварците’.