24фудбал

Следната дестинација на Ибра ќе биде големо изненадување

Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ вели дека неговата следна дестинација ќе биде многу големо изненадување

Франција

Репрезентативецот на Шведска силно се поврзува со трансфер во Милан, се шпекулира дека Златан Ибрахимовиќ веќе ги договорил личните услови со ’Црвено-црните’.

Медиумите најавуваат дека популарниот Ибракадабра ќе се пресели на Сан Сиро следниот месец, односно по Суперкуп дуелот со Лион во Монтреал на 1. август.

Во разговор со медиумите по вчерашната победа над Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ одби да говори за иднината и само најави дека неговата следна дестинација ќе биде големо изненадување.

„Мојата следна дестинација ќе биде големо изненадување, многу големо изненадување” – рече напаѓачот на ПСЖ со насмевка на лицето.

„Среќен сум во Париз. Не се гледа тоа од мојата игра на теренот?”

„Имам уште една година од договорот и многу сум среќен”.