24фудбал

Челзи го врати Филипе Луис во Атлетико

Клубот од Висенте Калдерон го комплетираше трансферот на Филипе Луис, Бразилецот стави потпис на четири годишен договор

Шпанија

Минатото лето, Филипе Луис го напушти Атлетико Мадрид и се пресели на Стемфорд Бриџ.

Сепак, Бразилецот не успеа да се наметне во првиот тим на Жозе Мурињо, во поголемиот дел од сезоната беше резерва на Цезар Азпиликета.

Па Атлетико Мадрид ја искористи ваквата ситуација, и го врати Филипе Луис на Висенте Калдерон.

„Филипе Луис е нов играч на Атлетико Мадрид” – гласеше известувањето на ’Јорганџиите’.

„’Црвено-белите’ и Челзи постигнаа согласност за трансферот на играчот. Бразилецот стави потпис на четири годишен дговор”.

Според медиумите, Атлетико Мадрид за услугите на Филипе Луис ќе плати околу 16 милиони евра, односно шест помалку од сумата што Челзи ја одвои пред 12 месеци.