24фудбал

Венгер не му обрнува внимание на Мурињо

Арсен Венгер одби да влезе во ’војна’ со Жозе Мурињо, вели дека трошат онолку колку што мислат дека е потребно и додава дека не слуша што другите имаат да кажат

Англија

’Специјалниот’ одново го ’пецна’ својот колега, и утрово изјави дека многумина ќе бидат изненадени доколку се направи пресметка колку пари Арсенал има потрошено на засилувања изминативе неколку години.

Сепак, Арсен Венгер одби да ја игра психолшката војна на Жозе Мурињо, Французинот само порача дека трошат онолку колку што мислат дека е потребно, и додаде дека не слуша што другите имаат да кажат.

„Трошиме онолку колку што мислиме дека треба да потрошиме, и не слушаме што велат другите луѓе” – рече менаџерот на ’Топџиите’ попладнево на прес конференција.

„Се обидуваме да донесеме прави одлуки. Не трошиме пари што ги немаме”.

„Еден ден, доколку се направи права статистика за тоа колку играчи имаме развиено во споредба со другите клубови, мислам дека ќе бидете изненадени”.

„Различни луѓе ми замеруваат за различни работи. Едни велат не трошам доволно, други велат трошам премногу... Ги оставам другите луѓе да зборуаат”.