24фудбал

Јуве потврди, Бонучи се обврза до 2020

’Старата Дама’ соопшти дека дефанзивецот Леонардо Бонучи ставил потпис на нов пет годишен договор

Италија

Медиумите од Италија вчера пренесоа дека репрзентативецот на ’Аѕурите’ ја продолжил соработката со Јувентус, а попладнево пристигна и официјална потврда.

„Со задоволство гледав како Леонардо расте, како играч и човек во изминативе пет години, тој беше второто засилување за Јувентус на ова раководство” - рече претседателот на ’Бјанконерите’, Андреа Ањели на денешната прес конференција.

„Кога ќе го одработи новиот договор, ќе заокружи 10 години во дресот на Јуве”.

„Продолжувањето на соработката со Бонучи е во согласност со нашиот проект. Горди сме на нашата група фудбалери од Италија”.

За новиот договор, Леонардо Бонучи рече: „Ова е почеток на нова ера”.

„Новиот договор е награда но и обврска. Му се ставам на располагање на тимот, бидејќи започнува нов циклус, и сакам моето искуство да им го пренесам на младите играчи”.

„Јувентус има долгорочен план. Гледаме како пристигнува нова генерација на квалитетни млади играчи”.

„Освојување на петто Скудето во низа ќе биде тешко, но ја имаме потребната мотивација за да одговориме на предизвикот”.