24фудбал

Шалке ја одби понудата на Јуве за Дракслер

Спортскиот директор на Шалке, Хорст Хелдт потврди дека одговориле негативно на понудата на Јувентус за услугите на Јулијан Дракслер

Германија

Репрезентативецот на Германија е една од трансфер желбите на ’Старата Дама’ за засилување на офанзивниот дел од средниот ред.

Минатата недела Јувентус доби дозвола да преговара со играчот, и се верува дека шампионот на Италија и Јулијан Дракслер постигнале согласност за пет годишен договор и плата од 3,5 милиони евра по сезона.

’Старата Дама’ денеска достави конкретна понуда за Шалке, но клубот од Гелзенкирхен одговори негативно.

„Добивме понуда и веднаш ја одбивме” – вели спортскиот директор Хорст Хелдт.

„Исто така го информиравме Јувентус дека повеќе не смеет да разговара со играчот”.

„Повеќе нема да има преговори”.

Според медиумите од Германија, на адреса на Шалке пристигнала понуда вредна 22 милиони евра, додека пак оние од Италија пишуваат дека Јувентус понудил 20 милиони евра.