24фудбал

Бенитез: Рамос останува во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Рафа Бенитез е 100% сигурен дека Серхио Рамос и следната сезона ќе го носи дресот на ’Кралевите’

Шпанија

Подолго време се говори дека дефанзивецот не е среќен на Сантијаго Бернабеу и побарал од лидерите на клубот да замине ова лето.

Манчестер јунајтед сака да го аганжира Серхио Рамос, најтрофејниот клуб од Англија бара играчот да пристигне на Олд Трафорд како дел од зделката во која Давид Де Геа ќе се пресели во Реал Мадрид.

Но според Рафа Бенитез, ’Црвените Ѓаволи’ треба да заборават на Шпанецот бидејќи капитенот на Реал Мадрид нема да биде продаден.

„Имам голема почит кон Луј ван Гал, но Серхо ќе остане со нас” – рече тренерот на Реал на денешната прес конференција.

„Тој е нашиот капитен и би сакал да го видам во дресот на Реал на почетокот од сезоната бидејќи е многу важен играч за нас”.

„Како тренер можам да кажам дека 100% останува. За мене и клубот е јасно, Серхио останува”.

„Фудбалот е непредвидлив, но Рамос нема да замине”.