24фудбал

Шансите за Работнички, победата за Јелгава

Работнички доживеа минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај Јелгава, македонскиот тим доминираше во текот на целиот натпревар, но прими гол во финишот и загуби.

Македонија
Последниот македонски претставник во квалификациите од Лига Европа, Работнички, слично како и против Флора Талин, со пораз од 1-0 се враќа од Летонија.
 
За разлика од дуелот во Талин, Работнички против Јелгава одигра многу подобро, имаше целосна доминација на мечот, дури 16 пати се обиде да постигне гол но реализацијата затаи.
 
Домаќинот беше во подредена улога, и победничкиот гол го постигна речиси од единствената шанса која ја имаше за гол. Погодокот дојде на три минути до крајот кога Клускинс ја смести топката во мрежата на Божиновски.
 
И покрај поразот, според прикажаното на теренот Работнички е фаворит за пласман во следното квалификациско коло од Лига Европа.
 
Реваншот се игра за седум дена на Филип Втори Арената.