24фудбал

Андреев: Ништо не е готово, во Скопје нѐ очекува тежок натпревар

Вардар оствари голем резултат во Кипар играјќи 0-0 против АПОЕЛ кој важи за фаворит во пресметката со македонскиот шампион, но Сергеј Андреев е свесен дека неговите фудбалери не смеат пред време да се радуваат.

Македонија
Вардар одигра одлична одбрана во Никозија и се врати со поволен резултат, мрежата на Пачовски остана нечепната.
 
Тренерот на Вардар, Сергеј Андреев ја спушта топката велејќи дека пред неговите фудбалери е многу тежок меч во Скопје.
 
„Натпреварот во Скопје ќе биде исто така тежок. Јасно ми е дека АПОЕЛ е тим кој игра поразлично на гостински терен. Резултатот 0-0 никогаш не е доволен. Ниту победа од 0-2 или 0-3 не значи ништо во денешниот фудбал" - вели Андреев.
 
„Патникот во следното коло зависи од двата натпревари. Во Скопје не очекува еден исклучително тежок натпревар каде што ние ќе ја имаме поддршката од публиката".
 
„Уште ништо не е готово и нема простор за славје. Треба добро да се подготвиме и за реваншот и не смееме да мислиме дека работата е завршена. Ова е Лига на шампиони и патникот понатаму го одлучува еден момент, една грешка".