24фудбал

Популарни цени за дуелот со Шпанија, билетите од 150 до 400 денари

Македонија на 8. септември ја пречекува Шпанија во квалификациски дуел, а ФФМ се одлучи со популарни цени на влезниците да ги израдува навивачите.

Македонија
Најскапите билети ќе бидат по цена од 400 денари кои ќе ги има во најмал број. Влезниците за Источната и Западната трибина ќе изнесуваат по 150 денари, додека билетите за најголемиот дел од северната и јужната трибина ќе чинат по 300 денари.
 
Ваквите цени на билетите ветуваат исполнета „Филип Втори“ Арена и прекрасна атмосфера за дуелот со поранешниот Светски шампион на денот на независноста на Македонија.