24фудбал

УЕФА поведе дисциплинска постапка против Шкендија

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Шкендија поради непримерното однесување на навивачите за време на натпреварот против Абердин од квалификациите за Лига Европа.

Македонија
Шкотскиот тим се жалеше за употреба на ласери со кои нивниот голман бил попречуван на дуелот со Шкендија по што УЕФА покрена дисциплинска постапка.
 
„Отворена е дисциплинска постапка против Шкендија за употреба на ласери - член 16 од дисциплинската регулатива на УЕФА" - стои во соопштението на УЕФА.
 
Македонскиот претставник ќе биде казнет и поради употреба на пиротехника од страна на навивачите.
 
Се очекува паричната казна да биде околу 10 илјади евра, одлуката ќе биде донесена на 23. јули.
 
Фото: ФК Шкендија