24фудбал

Манчестер јунајтед притиска за ангажман на Дармијан

Медиумите од Италија пренесуваат дека ’Црвените Ѓаволи’ се блиску до услугите на Матео Дармијан од Торино

Англија

Клубот од Олд Трафорд е во потрага на нов десен бек, и минатата недела достави понуда за услугите на Матео Дармијан.

’Црвените Ѓаволи’ понудија 12 милиони евра, плус 3 милиони во бонуси, предлог што веднаш беше одбиен, Торино за услугите на репрезентативецот на Италија бара околу 20 милиони евра.

Според реномираниот новинар Џанлука Ди Марцио, преговорите помеѓу двата клуба продолжиле и се движат во права насока.

Извештајот вели дека Манчестер јунајтед и Торино би можеле да си подадат рака за зделка вредна околу 18 милиони евра, плус 2 милиони во бонуси.

Се очекува до крајот на неделата Манчестер јунајтед и Торино да пронајдат заеднички јазик.