24фудбал

Им ги тргнаа санкциите за да се ’степаат’ за Де Брујне

Манчестер сити и ПСЖ влегуваат во битка за потписот на Кевин Де Брујне, двата клуба се подготвени да платат фантастични 70 милиони евра

Германија

УЕФА минатата недела реши да ги тргне санкциите на Манчестер сити и ПСЖ за прекршување на финансискиот фер плеј.

Минатата сезона двата клуба имаа ограничен трансфер буџет, но сега одново ќе можат да го одврзат ќесето.

’Граѓаните’ и ’Светците’ се поврзуваат со голем број на играчи, а името на Кевин де Брујне од Волфзбург се наоѓа на листата со желби и на двата клуба.

Се шпекулира дека Манчестер сити и ПСЖ се подготвени да платат фантастични 70 милиони евра за услугите на репрезентативецот на Белгија.

Кевин Де Брујне минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата, но и покрај тоа многимина се изненадени од сумата што Сити и ПСЖ се подготвени да ја платат, со оглед на тоа дека играчот сеуште се нема докажано на највисоко ниво.