24фудбал

Билетите пуштени во продажба, Вардар - АПОЕЛ за само 100 денари

Раководството на македонскиот шампион се одлучи цените на билетите за дуелот од квалификациите од Лигата на шампионите да бидат по симболична цена.

Македонија
Вардар ги пушти билетите во продажба за дуелот против АПОЕЛ кој се игра на 21. јули со почеток од 20 часот.
 
Седум дена претходно Вардар гостува во Кипар каде ќе бара поволен резултат, а доколку се случи тоа се очекува голема посетеност на Филип Втори Арената.
 
Раководството на Вардар се одлучи за цена од симболични 100 денари, а билетите можат да се купат преку продажната мрежа на МК Тикетс.