24фудбал

Официјално: Подолски потпиша за Галатасарај

Лукас Подолски е нов фудбалер на Галатасарај, германскиот репрезентативец потпиша три годишен договор со турскиот клуб.

Англија
Следната дестинација на Подолски е Галатасарај, фудбалерот потпиша три годишен договор со опција и за четврта година.
 
Турскиот клуб најпрво на Арсенал ќе му плати 1,8 милиони фунти, а потоа пред почетокот на секоја од трите сезона ќе плаќа по 2,1 милион евра.
 
Доколку Галатасарај одлучи да го продолжи договорот со Подолски и за четврта сезона, ќе му платина Арсенал уште 1,8 милиони фунти. Дополнително за секој пласман во Лигата на шампионите додека Подолски е во клубот ќе му плаќаат по 357.000 фунти на Арсенал.
 
Галатасарај се обидуваше да го купи Подолски уште во 2012 година, но тој тогаш одлучи да потпише за Арсенал.