24фудбал

Видал си направи посебна фризура за финалето (ФОТО)

Ѕвездата на Чиле, Артуро Видал е подготвен за финалето од Копа Америка против Аргентина, фудбалерот си направи и посебна фризура.

Јужна Америка
Видал вечерва на главата ќе го носи бројот осум кој го носи и на дресот на чилеанската репрезентација.
 
Но кога ќе се врати на клупските обврски, Чилеанецот сигурно ќе ја смени фризурата бидејќи во Јувентус го носи дресот со бројот 23.
 
Вечерва со почеток од 22 часот Чиле и Аргентина го играат финалето на Копа Америка.