24фудбал

УЕФА ги тргна санкциите на Сити и ПСЖ

Европската куќа на фудбалот реши да ги тргне санкциите на Манчестер сити и ПСЖ, двата клуба одново ќе го одврзат ќесето

Лига на Шампиони

’Граѓаните’ и ’Светците’ минатата сезона во Лигата на Шампионите можеа да пријават само 21 фудбалер, и имаа ограничен трансфер буџет поради прекршување на правилата за финансиски фер плеј.

Двата клуба оваа година работат во согласност со насоките на УЕФА и постигнатиот договор, па европската куќа на фудбалот реши да ги тргне санкциите.

Манчестер Сити и ПСЖ сега ќе можат да пријават по 25 играчи, и секако ќе можат да го одврзат ќесето, иако и оваа година ќе имаат одредени лимитации при настапот на трансфер пазарот.