24фудбал

Официјално: Фалкао е нов фудбалер на Челзи

Челзи потврди дека е постигнат договор со Монако за трансфер на Фалкао кој на Стемфорд Бриџ доаѓа на едно годишна позајмица.

Англија
Најавите се остваруваат, Радамел Фалкао идната сезона ќе го носи дресот на Челзи, клубот денеска го потврди трансферот.
 
„Челзи со задоволство може да соопшти де е постигнат договор со Монако за едно годишна позајмица на Радамел Фалкао" - стои во соопштението на Челзи.
 
Колумбискиот фудбалер е среќен поради трансферот и верува во успешна сезона.
 
„Многу сум среќен што доаѓам во Челзи, не можам да дочекам да започнам со тренинзите и да му помогнам на тимот да ја одбрани титулата во Премиерлигата и да биде успешен во Европа" - вели Фалкао.
 
Фалкао своите најдобри партии ги имаше во дресот на Атлетико Мадрид, авантурата во Манчестер јунајтед ми беше крајно неуспешна, а лошата форма ја пренесе и во дресот на Колумбија на Копа Америка.
 
Останува да видиме дали Жозе Мурињо ќе успее да го врати стариот Фалкао на фудбалската сцена.