24фудбал

Се комплицира трансферот на Арда Туран во Барса

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека привременото раководство на ’Каталонците’ нема да даде зелено светло за комплетирање на трансферот на Арда Туран

Шпанија

Репрезентативецот на Турција вчера беше најавен како ново засилување на Барселона во зделка вредна околу 35 милиони евра плус бонуси.

Се говореше дека официјална потврда ќе пристигне во петок, но последните извештаи велат дека трансферот на Арда Туран на Камп Ноу се комплицира.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека привременото раководство на Барса, предводено од Рамон Адељ, нема да даде зелено светло.

Барселона е во процес на избор на нов председател, па привремените лидери на клубот веруваат дека ќе ги ’пречекорат должностите’ доколку одобрат исплата на сума блиска до бројката од 40 милиони евра.

Арда Туран по се изгледа ќе треба да го почека крајот на претседателските избори за да види дали ќе потпише за ’Каталонците’.

Доколку победи Хосеп Мариа Бартомеу, зделката сигурно ќе биде комплетирана, но доколку во претседателската фотеља седне друг човек, постои можност трансферот да не се реализира.

За услугите на репрезентативецот на Турција интерес пројавија уште неколку екипи, претходно се говореше дека Челзи е многу блиску до потписот на Арда Туран.