24фудбал

Во пресрет на дуелот од Лига Европа, на Маракана пронајдена е бомба!

Лошо започна денот во Белград во пресрет на натпреварот од Лига Европа помеѓу Црвена звезда и Каират, на кровот на Маракана утринава е пронајдена стара неактивирана бомба!

Лига Европа
Информациите од Србија велат дека бомбата е пронајдена при рутинска полициска контрола во пресрет на вечерашниот натпревар.
 
Српските медиуми се прашуваат зошто баш сега бомба, како таа не е пронајдена при некои претходни рутински контроли, ако веќе информациите велат дека таа е стара и стоела таму подолго време.
 
По пауза од една година, Црвена звезда се враќа на европската сцена, во првото квалификациско коло од Лига Европа го пречекува казакстанскиот тим Каират.