24фудбал

УЕФА и официјално соопшти: Суперкупот во 2017 ќе се игра во Скопје!

На денешната прес конференција, УЕФА потврди дека Скопје и Арената „Филип Втори" ќе бидат домаќини на европскиот Суперкуп во 2017 година.

Македонија
Информациите од синоќа кои излегоа по состанокот на управниот одбор на УЕФА, денеска и официјално се потврдени на прес конференција.
 
Генералниот секретар Џани Инфантино соопшти дека Скопје ќе биде организатор на дуелот помеѓу освојувачот на Лигата на шампионите и победникот на Лига Европа во 2017 година.
 
На прес конференцијата беше соопштено и дека Кардиф ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во 2017, а истата година последниот натпревар од Лига Европа ќе се одигра во Стокхолм.