24фудбал

Немања Мијушковиќ е ново засилување на Вардар

Вардар го промовираше 23-годишниот црногорски дефанзивец, Немања Мијушковиќ како ново засилување на тимот.

Македонија
Мијушковиќ успешно ја помина пробата, ги задоволи вкусовите на стручниот штаб и потпиша три годишен договор со Вардар.
 
23-годишниот фудбалер доаѓа од Рудар Пљевља, а претходно го има носено дресот на Будуќност, Динамо Москва, Амкар Перм и Сараево. Мијушковиќ е прогласен за најдобар дефанзивец во Црна Гора за изминатата сезона.
 
„Среќен сум што потпишав за Вардар, за амбициозен клуб кој со големи чекори оди напред. Од тренинзите и натпреварите тука во изминатите неколку дена имав шанса да се уверам дека тоа е така и навистина сум среќен што официјално станав дел од овој колектив. Благодарност до раководството и до стручниот штаб за укажаната доверба.“, рече Мијушковиќ - за официјалниот сајт на Вардар.
 
Мијушковиќ е седмото засилување на Вардар за овој преоден рок. Претходно нашиот тим се засили со Ацо Стојков, Владица Брдаровски, Бобан Николов, Филип Гачевски, Дарко Велковски и Хуан Фелипе.