24фудбал

Конте одново на суд за местење на натпревари

Медиумите од Италија пренесуваат дека селекторот на ’Аѕурите’, Антонио Конте одново ќе се појави на суд за местење на натпревари

Италија

Антонио Конте во 2012 одработи четири месеци суспензија поради инволвираност во местење натпревари, но очигледно тука не завршија проблемите за стратегот.

Последните извештаи што пристигнуваат од Италија велат дека обвинителот од Кремона, Роберто Ди Марино решил да покрене ново обвинение.

Сомнителни се два натпревари, Новара-Сиена и Албинолефе-Сиена, а Антонио Конте ќе одговара само за една средба.

Ваквиот развој на настаните може да придонесе Антонио Конте да поднесе оставка од позицијата селектор на Италија.

Но не се исклучува можноста адвокатите на Антонио Конте да побараат брза постапка за пресудата да се донесе пред почетокот на ЕВРО 2016.