24фудбал

Варгас е херојот на Чиле, домаќинот во финалето (ВИДЕО)

Чиле со 2-1 го совлада Перу и ќе се бори за големиот пехар на Копа Америка, Едуардо Варгас со два постигнати гола беше херојот на домаќините.

Јужна Америка
Чиле е првиот финалист на Копа Америка откако во полуфиналето го совладаа Перу со 2-1.
 
И на овој меч домаќините на турнирот имаа играч повеќе бидејќи во 20. минута Замбрано доби директен црвен картон поради остар старт.
 
На три минути пред крајот на првиот дел, Варгас реализираше за водство на Чиле од 1-0, а во 60. Перу израмни со автогол на Медел.
 
Само четири минути подоцна Варгас повторно стапува на сцена, овој пат постигна вистински еврогол од далечина кој значеше победа и финале за Чиле.
 
Ноќеска се игра вториот полуфинален дуел, Аргентина и Парагвај ќе се борат за второто место во финалето.