24фудбал

УЕФА утре ќе соопшти дали Скопје ќе биде домаќин на Суперкупот во 2017

Утре во 12.00 часот ќе биде одржана прес конференцијата на која УЕФА ќе објави кој град ќе биде домаќин на Европскиот Суперкуп во 2017 година.

Лига на Шампиони
Скопје со Националната арена „Филип Втори“ се едни од кандидатите и реални се шансите Суперкупот на Европа да се одржи во нашиот главен град.
 
„Позитивно е расположението во европските фудбалски кругови Скопје да биде организатор на овој настан во 2017 година, но сепак треба да се почека до конечната потврда. Ако се потврдат очекувањата тоа ќе биде историски ден за македонскиот фудбал, за Скопје и Македонија, кои ќе бидат центар на светскиот фудбал" - вели Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ.
 
УЕФА претходно донесе одлука Суперкупот во 2016 да се одигра во Трондхејм, Норвешка на стадион кој собира 21.166 гледачи. Европската куќа на фудбалот има интенција помали земји да ја добиваат организацијата на овој мец со цел да им се даде дополнителен импулс за развој на играта.
 
Дуелот помеѓу победникот во Лигата на шампионите и победникот во Лига Европа е настан кој го следат милиони фудбалски вљубеници ширум светот.