24фудбал

Интерпол се откажа од милионски договор со ФИФА поради скандалот кој ја тресе федерацијата

Интерпол објави дека суспендира договор со ФИФА вреден 20 милиони евра поради скандалите кои го тресат светското тело на фудбалот.

Останато
Интерпол и ФИФА во мај 2011 година склучиле десет годишен договор кој се фокусира на голобална обука, едукација и превенција за местење натпревари како и нерегуларно и илегално обложување.
 
„Поради настаните кои ја опкружуваат ФИФА, одлучивме да го суспендираме договорот со нив, но ќе продолжиме со нашата програма за Интегритет во Спортот" - изјави генералниот секретар на Интерпол, Јурген Сток.
 
„Сите надворешни партнери, дали јавни или приватни, мора да ги делат основните вредности и принципи на организацијата".
 
ФИФА ја тресе голем корупциски скандал, високи членови на организацијата се обвинети за рекетирање и корупција. Скандалот во медиумите се појави со апсењата во Цирих на 27. мај, а истрагата сеуште не е завршена.