24фудбал

На 16. декември ќе се избира новиот претседател на ФИФА

Според Би-Би-Си, ФИФА на 16. декември ќе ги одржи претседателските избори по кои ќе биде познат наследникот на Сеп Блатер.

Останато
Англискиот медиум дознава дека изборите за наследник на Блатер ќе се одржат пред крајот на годината.
 
Сеп Блатер даде оставка по големите скандали кои ја зафатија ФИФА, но ќе остане на чело на огранизацијата се до изборот на новиот претседател.
 
Помеѓу кандидатите за претседател ќе биде човекот кој загуби од Блатер на последните избори, принцот Али, но се очекува во трката да се вклучат уште неколку кандидати.