24фудбал

Ван Перси: Јунајтед ќе потроши 200£ милиони на засилувња

Робин ван Перси открива дека ’Црвените Ѓаволи’ ќе инвестираат 200 милиони фунти во нови играчи ова лето со цел да го симнат Челзи од тронот

Англија

По разочарувачката сезона под водство на Дејвид Мојс, во која Манчестер јунајтед заврши на седмото место во Премиерлигата, клубот од Олд Трафорд минатото лето го одврза ќесето.

Во Манчестер пристигнаа Анхел Ди Марија, Радамел Фалкао, Андер Ерера, Лук Шо, Маркос Рохо и Далеј Блинд.

’Црвените Ѓаволи’ се вратија во топ четири и Лигата на Шампионите, а целта сега ќе биде првото место на табелата.


За да го симне Челзи од тронот, Луј ван Гал ќе има на располагање околу 200 милиони фунти за ангажман на нови играчи ова лето.

„Јунајтед потроши околу 200 милиони фунти на играчи минатата година, и ќе потрошат уште 200 милиони фунти ова лето за тимот да може да се бори за титулата” – рече напаѓачот Робин ван Перси.

Најтрофејниот клуб од Англија веќе го договори трансферот на Мемфис Депај од ПСВ, а на листата со желби се наоѓаат уште Герет Бејл, Карим Бензема, Рахим Стерлинг, Морган Шнајдерлин и Бастијан Швајнштајгер.