24фудбал

Валенсија го сака Фалкао

Според медиумите од Шпанија, сопственикот на Валенсија, Питер Лим сака да го донесе Радамел Фалкао на Местаља

Шпанија

Бизнисменот од Сингапур инвестираше голема сума на пари за да ја врати Валенсија помеѓу водечките екипи во Шпанија, а новата цел е да се изгради тим кој ќе бележи добри резултати и во Лигата на Шампионите.

Според денешното издание на Superdeporte, Питер Лим сака на Местаља да го донесе Радамел Фалкао.

Сопственикот на Валенсија на оваа тема веќе разговорал со неговиот пријател Жорж Мендез, кој е агент на напаѓачот.

Репрезентативецот на Колумбија изминатава сезона ја помина на позајмица во Манчестер јунајтед, но не импресионираше на Олд Трафорд, па ’Црвените Ѓаволи’ решија да го вратат напаѓачот во Монако.

Но за очекување е Радамел Фалкао ова лето да пронајде нов клуб, а покрај Валенсија, медиумите го поврзуваат играчот и со Челзи.