24фудбал

Погледнете го фантастичниот говор на Мурињо (ВИДЕО)

Жозе Мурињо во свој стил се потсмева со ривалите на Челзи од Премиерлигата, и бара поголема почит за она што го сториле неговите играчи оваа сезона

Англија

Новиот шампион на Англија вчера ја одржа традицоналната вечера на која беа прогласени најдобрите за сега веќе изминатата сезона.

Но она што привлече најголемо внимание беше фантастичниот говор на Жозе Мурињо.

’Специјалниот’ во свој стил се потсемеа со Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Арсенал и побара поголема почит за она што го сториле неговите играчи оваа сезона, бидејќи одиграла на нив од првото до последното коло.

„Пред една година, завршивме на третата позиција. Секако не бевме задоволни, но ги почитувавме победниците” – рече Мурињо.

„И покрај тоа што го победивме во два наврати, им кажавме дека заслужено се шампиони”.

„Два пати го победивме и второпласираниот тим, но и на нив им кажавме дека заслужено се вице-шампиони”.

„Не баравме оправдувања, и напорно работевме да бидеме шамиони”.

„Но сега мислам дека моите играчи не добија признание за она што го направија од првото до последното коло”.

’Специјалниот’ потоа кажа измислена приказна, имињата на клубовите не ги спомна, но од бојата на дресовите на графиците јасно се забележуваше дека тоа се ривалите на Челзи од Премиерлигата.

На крајот Мурињо порача дека следната сезона на Челзи сигурно ќе му биде потешко да стигне до титулата.

„Мораме да мислиме дека нашите ривали ја научиле лекцијата, па следната сезона ќе биде многу, многу потешка. Мораме да бидеме подготвени за тоа”.