24фудбал

Реал Мадрид му врачи отказ на Карло Анчелоти

По две сезони на тренерската позиција во Реал Мадрид, на Карло Анчелоти денеска му беше врачен отказ.

Шпанија
Како што и се шпекулираше, Реал Мадрид во наредната сезона ќе добие отказ, наспроти желбата на фудбалерите и фановите, раководството на клубот реши да му врачи отказ на Карло Анчелоти.
 
Анчелоти на Реал Мадрид му ја донесе десетата титула во Лигата на шампионите, но оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј и доби отказ.
 
„Ова беше многу тешка одлука за раководството, но како што од секогаш велев во Реал Мадрид не сме дојдени за да носиме лесни одлуки туку да одлучуваме така како што сметаме дека е најдобро за клубот" - изјави Флорентино Перез.
 
„Карло Анчелоти секогаш ќе биде дел од нашата историја бидејќи ни ја донесе десетата титула, но како што сите знаеме барањата на Реал Мадрид се на највисоко ниво и време е за нови моменти со кои ќе можеме да освоиме нови титули и да го достигнеме максимумот".
 
„Новиот тренер ќе биде назначен во текот на следната недела".