24фудбал

Пеп ја одбил поканата на Барса да биде гостин во Берлин

Пеп Гвардиола откри дека нема да ја прифати поканата на ’Каталонците’ да биде нивен гостин на финалето од Лигата на Шампионите во Берлин

Лига на Шампиони

Барселона го елиминираше Пеп Гвардиола и Баерн Минхен, и се избори за финале од најелитното европско натпреварување и дуел со Јувентус на 6. јуни.

’Каталонците’ решиле за оваа пригода да ги поканат сите поранешни тренери кои ги предводеле до финале во Европа да им бидат гости во ложата на Олимпискиот Стадион во Берлин.

Пеп Гвардиола сепак нема да биде присутен во Берлин, предводникот на Баерн попладнево откри дека ја одбил понудата.

„Нема да одам во Берлин” – рече Пеп. „Ја одбив поканата, ќе останам тука”.

Барса сеуште го чека одговорот на Јохан Кројф, Франк Рајкард и Тери Вејнеблс.