24фудбал

Венгер: Рамзи нема да направи трансфер во Барса

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека ниту еден фудбалер нема да замине од Емирати Стадионот ова лето

Англија

Утрово, медиумите од ’Островото’ го поврзаа Арон Рамзи со трансфер во Барселона вреден 50 милиони фунти.

Сепак, Арсен Венгер брзо ги демантираше гласините, и истакна дека ваквата сторија воопшто не е сериозна.

Тео Волкот, кој е под договор до 2016, исто така често е тема на трансфер шпекулациите, но менаџерот на ’Топџиите’ очекува и напаѓачот да остане.

„Сите играчи сакаат да останат во Арсенал, никој не сака да замине ова лето. Не сум загрижен” – рече Французинот на денешната прес конференција.

„Рамзи во Барса? Ова не е сериозна сторија”.