24фудбал

Роналдињо бесен откако беше изваден уште во првото полувреме (ВИДЕО)

Роналдињо не ја прими најдобро одлуката на тренерот на Керетаро да го извади уште во првото полувреме, Бразилецот веднаш замина во соблекувалната.

Јужна Америка
Деновите на Роналдињо во Керетаро се одбројани, бразилската фудбалска ѕвезда често е на клупата за резерви, синоќа беше стартер, но не го доигра ни првото полувреме.
 
Во 41. минута еден од фудбалерите на Керетаро заработи црвен картон, па жртва на тактиката беше Роналдињо кој беше повлечен од игра.
 
Бразилскиот ас не отиде ниту да се поздрави со останатите на клупата, лут замина директно во соблекувалната.