24фудбал

Трајковски пристигна во Италија, Македонецот го финализира трансферот во Палермо

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски е во Палермо каде што треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на двегодишен договор со клубот од Серија А.

Македонија
Трајковски е пред финализирање на трансферот во Палермо, македонскиот фудбалер заедно со својата сопруга е во Италија.
 
Македонецот треба да ги помине задолжителните медицински тестови и да стави потпис на договорот со Палермо.
 
Покрај Трајковски од следната сезона во Серија А ќе настапува и Горан Пандев кој по неуспешната авантура во Галатасарај се враќа во Италија и ќе го облече дресот на Џенова.