24фудбал

Галијани: Во контакт сум со Анчелоти

Извршниот директор на Милан, Адриано Галијани потврди дека е во контакт со Карло Анчелоти кој некои медиуми го поврзуваат со враќање на Сан Сиро.

Италија
Милан игра уште една лоша сезона, па големи се шансите Пипо Инзаги да добие отказ. Се шпекулира со неколку можни наследници, а еден од нив е и Карло Анчелоти.
 
„Веќе неколку пати рековме дека сакаме да ја завршиме сезоната со Пипо, а потоа ќе видиме" - изјави Галијани.
 
„Има уште неколку денови до јуни, па потоа ќе видиме какви одлуки ќе донесеме".
 
Запрашан дали Анчелоти би можел да се врати во Милан, Галијани дипломатски одговори:
 
„Често контактирам со Анчелоти, секогаш сум во контакт со поранешните тренери вклучувајќи ги и Ариго Саки и Фабио Капело".