24фудбал

Полицијата води истрага против фудбалер за намерен прекршок над Ројс

Медиумите од Германија пренесуваат дека фудбалерот на Динамо Дрезден, Денис Ердман е под истрага поради намерен и неспортски прекршок над Марко Ројс

Германија

Динамо Дрезден и Борусија Дортмунд се сретнаа на 3. март во Купот на Германија, а на нетпреварот, Денис Ердман неспортски стартуваше врз Марко Ројс, и покрај тоа што топката не беше во нозете на ѕвездата на ’Милионерите’.

Репрезентативецот на ’Панцирите’ мораше пред време да го напушти натпреварот, во прв момент се чинеше дека се работи за серозна повреда на неговото лево колено, но за среќа Марко Ројс беше надвор од терените краток период.

Според денешното издание на Bild, пред две недели Марко Ројс добил повик од обвинителството и бил повикан да биде сведок во процесот што се води против Денис Ердман.

Фудбалерот на Динамо Дрезден се товара дека дејствувал ’со агресија и намера да елиминира противник’.

Сепак, Марко Ројс сакал целиот инцидент да го остави во минатото и решил да не поднесе тужба и покрај тоа што обвинителот инсистирал целиот случај да добие судска завршница.