24фудбал

Днипро против Севиља во финалето од ЛЕ

Днипро и Севиља ќе ги одмерат силите во Варшава на 27. мај во финалето од најмасовното натпреварување во Европа

Лига Европа

Бранителот на трофејот, Севиља со едната нога веќе беше во финале откако на домашен терен минатата недела со 3-0 славеше над Фиорентина.

’Андалузијците’ вечерва со нов триумф од 2-0 го потврдија настапот во Варшава.

Карлос Бака и Даниел Карисо во првото полувреме во период од само шест минути ги решија сите дилеми.

Во Киев, Днипро славеше со минимални 1-0 и се избори за дуел со Севиља.

Јунак на домаќините е Селезњов, кој  во 58. минута одлично се снајде по една нафрлена топка и со глава го матираше Андухар.

Но за пласманот на Днипро во финалето голема заслуга има и голманот Бојко, кој спречи неколку убави шанси на ’Наполитанците’.