24фудбал

Официјално: Хендерсон го продолжи договорот со Ливерпул

’Црвените’ соопштија дека Џордан Хендерсон попладнево ставил потпис на нов долгогодишен договор

Англија

Пред три години кога Брендан Роџерс седна на менаџерското столче на Енфилд, Џордан Хендерсон беше на чекор до заиминување од Енфилд.

Но репрезентативецот на ’Гордиот Албион’ остана да се бори за место во тимот и успеа да прерасне во еден од најдобрите играчи на ’Црвените’, и да стане главен кандидат за наследник на Стивен Џерард како капитен на клубот.

Па затоа Ливерпул неодамна започна преговори со Џордан Хендеросн за продолжување на соработката.

Играчот во прв момент одби неделна плата од 80 000 фунти, но за кратко време двете страни успеа да пронајдат заеднички јазик и да си подадат рака за пет годишен договор и плата од 100 000 фунти неделно.

„Ливерпул е задоволен што може да соопшти дека Џордан Хендерсон стави потпис на нов долгогодишен договор” – гласеше известувањето на клубот од Енфилд.

За новиот договор, Хендерсон рече: „Пресреќен сум. Подолго време се водеа преговори”.

„Задоволен сум што ја продолжив верноста кон Ливерпул. Мислам дека во следните неколку години можеме да станеме предизвикувач за титулата и да освојуваме трофеи”.

„Пред неколку години имав можност да заминам но отсекогаш знаев колку голем е овој клуб, и сакав да останам што е можно подолго. Ништо се нема променто од тогаш”.