24фудбал

Венгер: Жалам што го продадов Фабрегас на Барса

Арсен Венгер бара фановите достоинствено да го пречекаат Сеск Фабрегас и вели дека жали што морал да го продаде Шпанецот на Барселона

Англија

Во недела Арсенал го пречекува Челзи а една од главните теми пред почетокот на овој натпревар е враќњето на Сеск Фабрегас на Емирати.

Шпанецот пристигна во Арсенал кога имаше само 16 години, во северен Лондон прерасна во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред но во 2011 замина кога на негова адреса пристигна понуда од Барселона.

Сепак, Сеск Фабрегас не се снајде најдобро во клубот од неговото детство, па минатото лето замина од Камп Ноу.

’Топџиите’ имаа можност да го вратат играчот во своите редови, Арсен Венгер реши да не ја искористи оваа опција, па фудбалерот заврши во Челзи.

„Сакам секој играч да биде почитуван, па кога Сеск Фабрегас ќе се врати на Емирати во недела, сакам фановите да се однесуваат достоинствено бидејќи тој го заслужува тоа” – рече Арсен Венгер на денешната пресконференција.

Запрашан дали жали што пред почетокот на сезоната не го вратил Сеск Фабрегас на Емирати, менаџерот на Арсенал одговори: „Единствено жалам што тој сакаше да замине и моравме да го продадеме на Барселона”.

„Јас и овој клуб имавме многу позитивно влијание врз животот на Сеск, па малку ми е некомфорно што се обидувам да дадам оправдување зошто тој не е тука денеска”,