24фудбал

Фабрегас: Челзи чека пет, јас 27 години за трофејот во Премиерлигата

Сеск Фабрегас сака што побрзо да го освои трофејот во Премиерлигата, вели дека Челзи е максимално фокусиран на секој натпревар со наскоро и теоретски да дојде до шампионската титула во Англија.

Англија
Челзи во недела му гостува на Арсенал кој во моментов е на втората позиција со десет бода заостанување зад тимот на Мурињо.
 
Јасно е дека Челзи ќе биде новиот шампион во Англија, но Фабрегас сака тоа да се случи колку што е можно побрзо.
 
„Сакаме да ја освоиме титулата колку што е можно порано. Сакаме да им дадеме задоволство на фановите. Тие чекаат пет години на трофејот од Премиерлигата, јас чекам 27 години, па сакам да го освојам колку што е можно порано" - вели Фабрегас.
 
„Сега му гостуваме на Арсенал, имаме ист број натпревари и десет поени предност, не сакаме да му дадеме надеж на Арсенал да изврши притисок врз нас. Знаеме дека Емирати е тешко гостување".