24фудбал

Би: Во недела ќе го купам Милан

Бизнисменот од Тајланд, Би Таечобол вели дека до крајот на неделата ќе стане сопственик на Милан

Италија

Долго време се говори дека Силвио Берлускони ќе го продаде Милан, и се чини дека оваа приказна полека доаѓа до својата развршница.

Во разговор со медиумите од Италија, бизнисменот од Тајланд, Би Таечобол открива дека во следните денови ќе пристигне во Милано и до крајот на неделата ќе треба да бидат потишани договорите.

„Во недела, 26. април, ќе бидам во Милано за да ставам потпис на документите и да ја комплетирам зделката!” - La Repubblica го цитра Би Таечобол.

Се говори дека Би Таечобол најпрво ќе купи помеѓу 20 и 30 проценти од акциите, а до крајот на годината ќе се здобие со мнозински пакет од 65%.